Испечати

Колачиња со чоколадни наполитанки

Колачиња со чоколадни наполитанки

Состојки

  • за премачкување на калапите
  • 100гр. црно чоколадо
  • 50гр. бело чоколадо
  • за полнење на колачите
  • 100гр. чоколадни наполитанки
  • 1 лажица мармалад од кајсии
  • 2-3 лажици кокосово брашно
  • 2 лажици црно топено чоколадо
  • 5 лажици врело млеко

Подготовка

Калапите најпрво ги премачкуваме со црното топено чоколадо.
На 100гр. чоколадо ставам 3 лажици масло и така го топам на пареа.
Кога ќе се растопи чоколадо го тргаме настрана и оставаме малку да се излади и потоа со четче ги премачкуваме калапите. Ги оставме 10 мин.во замрзнувач и потоа уште еднаш ги премачкуваме и пак ги враќаме во фрижидер. Кога и по второто мачкање чоколадото се здрвило ги полниме со филот.
Најпрво наполитанките ги мелиме и ги попаруваме со млекото, го додаваме мармаладот и кокосовото брашно и убаво мешаме и најпосле го додаваме и чоколадото. Колачињата ги затвораме со бело чоколадо и уште еднаш ги враќаме во фрижидер.На здравје!!!