Испечати

Брз едноставен бурек со месо

Брз едноставен бурек со месо

Состојки

  • 500 грама тенки кори
  • Фил со кори
  • 4 јајца
  • 200мл јогурт
  • 200мл к.вода
  • 50мл зејтин
  • 1 прашак за пециво
  • фил
  • 400гр свинско мелено месо(или по желба)
  • 4 главици кромид
  • 1/2лажица мешан зачин
  • 1/2лажичка бибер
  • 1лажичка ц.пипер и малку оригано

Подготовка

Одлична брза подготовка на домашен бурек. Би сакала да ви ги доловам импресиите од моите домашни но за тоа ќе мора сами да се потрудите и да го подготвите.
Подготовка
Фил
Кромидот го сецкаме или ставаме во сецко и со малку зејтин го пржиме на тивок огин додека не добие стаклест сјај.Веднаш потоа го додаваме месото и на тивок огин го пржиме петнаесетина минути.На крај од пржењето додаваме мешан зачин,бибер,црвен пипер и оригано.
Филот со кори
Четирите јајца ги матиме со миксер откако ги измативме во нив го додаваме зејтинот,к.вода,јогурт,пецивото и сецканите кори и мешаме со дрвена лажица.Сите кори треба убаво да впијат од течната смеса.
Во подмачкано тавче бр 30 сипуваме една половина од смесата со кори а потоа филот од месо и на крај повторно фил од кори.По желба ако сакате може да наросите сусам.Печете на 200степени половина час на крај зголемете ја температурата на 220 уште десет минути.Изладете убаво и потоа сечете убави парчиња.
Забелешка
Корите ги купувам такви сецкани доколку не може да најдете тогаш купувате кори за пита и ги сецете по должина.
Добар апетит!!!