Брз бурек за доручек
Состојки
- 250 гр готови кори( 10 кори)
- 100 гр сецкана шунка
- 100 гр сецкан кашкавал
- кечап, оригано
- прелив за корите
- 80 мл масло
- 60 мл вода
- 1 лажиче брашно
- 1/2 лажиче сол
- 1/4 лажиче пециво
Подготовка
Кој си има силиконски калапи си прави експерименти.
Еве еден предлог за брз доручек.
Оваа доза е за доручек за 2 особи.
Ако спремате доручек за 4 особи, дуплирајте ги состојките.
Пожелно е да се користат тенки кори ( во 500 гр да има 20 кори)
Појадок имате само за 5 минути спремање и 20 минути печење.
Најпрво во еден сад на оган ставете ги маслото, водата да провријаат само 1 минута.
Тргнете го од оган па додадете брашно, сол, пециво.
Сега се зема една кора и се обложува дното на силиконскиот калап.
Краевите треба да висат надвор.
Малку се попрскува со кашичката. Се става втора кора.
Врз неа изгужвано се ставаат 3 кори.
Се става шунка, кашкавал, кечап, оригано.
Се попрскува со кашичката.
Постапката се повторува уште еднаш.
На крај се збираат краевите на првата кора навнатре, се прелива со остатокот од кашичката и се печи.
Испечениот бурек се превртува и се сечи.
Со јогурт одличен доручек.