Испечати

Kиндер баклава

Kиндер баклава

Состојки

  • 500г кори
  • 100г сусам
  • 150г лешници
  • 150г ореви
  • 100г чоколада за готвење
  • 1 и пол путер
  • За шербет
  • 1кг шеќер
  • 700мл вода

Подготовка

Сусамот, оревите и лешниците се пржат.
Кога ќе се изладат се мелат, во нив се ренда и чоколадата.
Путерот се растопува и со него се мачка секоја кора.
На секоја премачкана кора се попрскува со измелените сусам, ореви и лесници и се замотува во ролнички и се редат во плех.
Кога ќе се наредат се сецат и се пече на 180 с 15 мин до 20 мин
Шербет врел и баклавата врела.
Пријатен апетит