Испечати

Видео рецепт: Посни кремови

Видео рецепт: Посни кремови

Состојки

  • За ЧОКОЛАДЕН КРЕМ ќе ви треба:
  • 500 мл. вода
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица рум
  • 3 лажици чоколадо во прав
  • 4 лажици густин
  • За ВАНИЛА КРЕМ ќе ви треба:
  • 400 мл. вода
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажица ванила
  • 3 лажици густин
  • сок од половина лимон
  • кора од лимон
  • Ќе ви треба и:
  • овошје по желба

Денес ќе готвиме заедно со Светулка, готвач член на нашата веб-страница. Светулка ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Посни кремови.

За време на постите секогаш ни недостасува рецепт плус. Посните кремови ќе ви бидат вистинско слатко освежување.

Подготовка

Чекор 1: За подготовка на ванила кремот, ставете ја на оган водата, шеќерот, чоколадото во прав и румот.

Во чашка со малку вода растворете 4 лажици густин и кога ќе зоврие смесата на оган, додадете го и мешајте додека се згусне . Треба да биде многу густо.

Чекор 2: За подготовка на ванила кремот, ставете ја на оган водата, шеќерот, ванилата, сокот и кората од лимон.

Во чашка со малку вода растворете 3 лажици густин и како и кај другиот крем, кога ќе зоврие смесата на оган, додадете го и мешајте додека и тој да се згусне.

Чекор 3: Следниот чекор е по желба, а ние употребивме шумско овошје.

Изблендирајте го овошјето, а потоа додадете 1 чашка од ванила кремот.

Чекор 4: Сервирајте во слоеви со различна боја.

СОВЕТ: Овие кремови може да ги комбинирате со различно овошје по желба, па ќе добиете многу комбинации на вкусови и бои!