Испечати

Пасирани тиквички

Пасирани тиквички

Состојки

  • 4 средни тиквички
  • масло по потреба
  • 2 јајца
  • 200 гр урда
  • 3-4 чешниња лук
  • прстофат бибер
  • сол по вкус
  • неколку гранчиња свеж магдонос

Подготовка

Почна сезоната на тиквички. Еве мој скромен допринос кон менито со овој прекрасен зеленчук.

Тиквичките ги сечеме на четири дела по должина и не ги лупиме. Ги ставаме во намрсено тавче и ги печеме во рерна на 200 степени, колку да омекнат. Откако ќе се испечат ги толчиме, а може да ги ставите и во сечко. Јас сакав да бидат со поголеми парченца, па само така грубо ги столчив.
Урдата ја запржуваме на малку масло и ги додаваме изматените јајца. Мешаме, упржуваме и тргаме на страна. Кога ќе се подизлади ги спојуваме пасираните тиквички со јајцата со урдата. Додаваме ситно насечкано лукче, бибер, сол, мешан сушен зачин и сечкан магдонос. Малку масло, околу 30 мл загреваме и така загреано го ставаме врз смесата. Промешуваме и сервираме.