Солена рустична торта со компири
Состојки
- 600гр. компири
- 300гр. брашно
- 3 јајца
- 150гр. кашкавал
- 1филџан (од 130мл) млеко
- 60гр. омекнат путер
- 150гр. чајна
- 12гр. свеж квасец
- 1 неполна лажичка сол
Подготовка
Компирите излупете ги и ставете ги да се варат.
Откако ќе се сварат испасирајте ги и оставете да се подоладат.
Квасецот растворете го во млекото, па додајте ги во компирите.
Потоа додајте го брашното измешано со солта, јајцата и омекнатиот путер исечен на коцки.
Замесете го тестото. Ќе добиете многу меко скоро течно лепливо тесто.
Покријте го и оставете да стаса 1,5 час.
Откако ќе стаса додајте ги чајната и кашкавалот исечени на мали коцки.
Убаво со лажица пребркајте го тестото, а потоа префрлете го во калап обложен со хартија.
Покријте и оставете да стасува уште 1-1,5 час.
Печете на 180 степени, 45 минути.
Испечената торта оставете да подолади, а потоа послужете.
Тортава е многу сочна и превкусна.
Ви препорачувам да ја пробате.