Испечати

Торта Срце

Торта Срце

Состојки

  • За три кори
  • 9 јајца
  • 9 супени лажици шеќер
  • 9 супени лажици брашно
  • 3 супени лажици какао
  • 1 пакетче пециво
  • За фил
  • 3 пудинга од ванила
  • 700 гр млеко
  • 250 гр маргарин ( кристал ) коцка
  • 200 гр шеќер
  • 10 крем бананчиња
  • 100 гр ресана
  • 100 гр желе бонбони
  • 100 гр сецкани лешници
  • За декорација
  • 350 гр локум
  • 350-400 гр шеќер во прав, прехрамбена боја
  • 5 цветови

Подготовка

Начин на подготовка
3 јајца се матат со 3 лажици шеќер убаво, потоа се додава 3 лажици брашно, 1 лажица какао и малку пециво ( 1 пакетче пециво за сите 3 кори )
Се истура во подмачкано плехче и ако имате калап срце, а доколку немате во 28 бр.и после со картон си сечете срце. Се прават и 3 вакви кори и се оставаат да се ладат.

Фил
Млекото и шеќерот се ставаат да зовријат кога е зовриено се истура претходно разматениот пудинг се меша додека згусне и се трга да се излади. Откога е ладно се мати со маргаринот и филот се дели на 2 дела. Во едниот дел се става сецкани крем бананчиња и сецкани желе бонбони, а во 2 дел се става сецкана ресана и сецкани лешници се меша и се филува тортата.
Јас секоја кора си ја прскав со рум за поубав вкус сепак тоа е по желба.

За декорација користев локум и шеќер во прав убаво измесено додадов и боја меѓутоа можете и со фондан да си декорирате. Ставив и 5 (купени) цветови.