Задоволство од јагоди сервирано во чаша

Состојки
- 1 пудинг со вкус на лешник
- 300 мл млеко
- 3 лажици шеќер
- 1 кесе бел шлаг
- 100 мл млеко за шлагот
- 50 гр путер
- 20 исчистени јагоди
Подготовка
Прво во тенџере на оган се ставаат пудингот, млекото и шеќерот да се сварат до згуснување.
Се трга од оган и додека е млако се додава путерот.
Убаво се промешува и се лади.
На страна се мати шлагот до згуснување.
Во изладениот пудинг се ставаат 3 лажици изматен шлаг.
Со оваа смеса се полнат чашите до половина.
Одозгора се декорира со останатиот шлаг, со измиените јагоди и гранче нане.
Лесно, брзо, вкусно задоволство за вашите најмили.