Црногорска пита
Состојки
- Тесто за палачинки
- 3 јајца
- 200гр пченично брашно
- 150гр пченкарно брашно
- 50мл зејтин
- 300мл млеко или јогурт
- 300мл кисела вода
- 1/2лажичка сол
- фил
- 350гр сирење(по ваша желба)
- 3 јајца
- 250гр кисело млеко
- 100мл кисела вода
Подготовка
Питава ја најдов на интернет таа е традиција во Црна гора затоа гордо си го носи името Црногорска пита.
Мене веднаш ме асоцираше на лесна пита по можност сама да се прави, ама не е така си има свој процес на подготовка. Воедно со самата подготовка можам да си се пофалам со новото тавче за палачинки кое беше високо на своја задача и одлично се покажа. Значи тавата е закон не лепи немате потреба од додатно додавање на зејтин.
Подготовка
Јајцата ги матиме додаваме млекото, киселата вода, зејтинот посебно ги матиме пченкарното и пченичното брашно заедно со солта. Постепено сувата смеса ја сипуваме во јајцата и добиваме густа смеса за палачинки. Од смесата печеме 6-7 палачинки со големина на тавата која во мојот случај одговара на тавче број 24.
Посебно изматените јајца, сирење, кисело млеко и киселата вода ги нанасуваме на палачинките и редиме најизменично фил-палачинка. На крајот ставете од филот и печете на загреана релна на 220 степени триесет минути или додека не зарумени.
Потребно е питата убаво да се излади и со тенко ноже убаво да ја одлепите од тавата. Питата се јаде во комбинација со пршута и останати црногорски специјалитети, но јас ви давам предлог пробајте со македонско ајварче добитна комбинација.
Добар апетит!!!
Забелешка
Сакам да напишам околу густината на тестото за палачинки која треба да биде густа доволно да се разлева низ тавата за печење. Доколку е ретка додадете од двете брашна.
Околу печењето на тестото секоја палачинка треба да биде дебела значи не како стандарните палачинки дупло по дебели. Тоа значи печете ги на тивко подолг период.