Испечати

Тортичка со јагоди

Тортичка со јагоди

Состојки

  • за паниспањите
  • 6 белки
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 2 лажици презла
  • 1 пециво
  • 200гр. мелени и печени лешници
  • за прелив на паниспањите
  • 200мл. млеко
  • 2 ванили
  • 10 лажици млеко
  • за фил
  • 1 паковање купечки ролат со вкус на јагоди
  • 6 жолчки
  • 1 литар млеко
  • 3 пудинзи од ванила
  • 250гр. шекер
  • 250гр. путер
  • за декорација
  • 300гр. шлаг пена
  • 500гр. свежи јагоди
  • 350гр. долги бисквити

Подготовка

Оваа тортичка со јагоди ја правев за крштевка. Ја правев со голема љубов, но за жал немам слика со пресек бидејки си ја зедоја.

Започнуваме со подготовка на паниспањите и тоа правиме две.
За една паниспања биеме по 3 белки, 3 лажици шеќер, 3 лажици брашно, 1/2 пециво,1 лажици презла и 100гр.лешници.
Прво ги биеме белките во цврст снег и постепено го додаваме шеќерот и сите состојки со постојано биење.
Паниспањите ги печиме во тркалезен калап бр.26 обложен со хартија. Паниспањите млаки ги натураме секоја со прелив од 100мл.млеко зовриено со 1 ванила и 5 лажици шеќер.

За филот најпрво ги биеме жолчките и ги додаваме во млекото во кое претходно ги имаме измешано пудинзите од ванила заедно со шеќерот. Кога ќе се згусти филот го тргаме настрана и оставаме да се излади. Ладен го биеме со путерот.
Редењето на тортата ја правев на следниот начин:
прво една паниспања, едно мачкање со фил, на него еден ред парчиња од купечкиот ролат, пак фил, другата паниспања и над неа го мачкаме целиот фил.
Целата торта ја премачкуваме со филот и околу тортата ги редиме бисквитите. Тортата ја украсуваме со шлагот и јагоди. Во прилог имам неколку фотографии од подготовката на тортичката.