Брз сос по рецепт на Џејми Оливер
Состојки
- 200 гр павлака (може и кисело млеко, ама павака е поубаво)
- 1 мало лажиче сенф
- сол и бибер по вкус
- 3-4 чешниња лук
- сок од половина лимон
Подготовка
Во времето кога ми беше тешко да сварам и макарони дека беше преголемо одземање на време, налетав на серијал од Џејми Оливер кој фрштеше од вакви вкусни, брзи и лесни рецепти.
Сите состојки само промешајте ги да се изедначат, додадете го ситно сецканото лукче (или пројдено низ преса за лук) и време е за јадење.
Најчесто го јадеме со грицки, некои крекери и сл, ама супер оди и со помфрит, месо и салата од компири.
Ако некој го види Џејми, нека му каже дека го сакам. Не многу, да не си поласка, ама онака, го бендисувам =))