Испечати

Солени топчиња од компири

Солени топчиња од компири

Состојки

  • 4 компири
  • 100гр. путер
  • 150гр. рендано сирење
  • 150гр. сецкана шункова салама
  • 1 лажичка сол
  • за декорација на топчињата
  • 100гр. рендано сирење
  • 50гр. мелени кикирики
  • 4-5 големи лажици буковец(пипер)
  • 4-5 големи лажици копар

Подготовка

Компирите ги вариме, ги пасираме и ги оставаме да изладат.
Кога ќе се изладат го додаваме путерот и биеме со миксер да добиеме изедначена смеса.
Ги додаваме сирењето, саламата, солта (ако сакате додадете и малку црн пипер во смесата).
Мешаме со лажица и потоа правиме топчиња.
Топчињата ги валкаме во кикирики, сирење, буковец и копар.