Јагнешка јавнија (по рецепт на баба)
Состојки
- 10 млади кромидчиња
- 20 гранчиња пресно нане
- 1 кгр јагнешко месо
- 1 лажица брашно
- 1 лажица црвен пипер
- 1-1,5л. вода
- по желба и потреба сол, мешан зачин, бибер, масло
Подготовка
Овај ручек го спремаше бабата на мојот сопруг.
Останато му е од детството како убав спомен, па често во овај период од годината кога има младо кромидче и нане му го правам.
Старинско јадење, но убаво.
Начин на подготовка.
Прво измиеното месо се става во тенџере на оган да се вари.
Се сечат младите кромидчиња на парченца и се пржат на врело масло.
Му се додаваат исчистените ливчиња нане (без стебленцето) и се пропржуваат уште малку.
На тоа се додава една лажица брашно, се запржува и се трга на страна.
Се додава црвен пипер, зачини и исчистеното сварено јагнешко месо.
Се налева со вода во која се вареше месото и крчка на тивко уште 40 минути.