Бели бомбици со наполитанки и кикирики
Состојки
- 200 грама бел крем
- 180 грама бланширани кикрики
- 100 грама млечни наполитанки
- 100 грама бело чоколадо
- 3 лажици зејтин
Подготовка
1. Кикириките се мелат покрупно или се сецкаат (најдобро во блендер). Кикириките се непечени, лупени и несолени. Треба малку да се потпечат попрскани со вода.
2. Наполитанките се дробат со рака
3. 150 грама кикирики и наполитанките се размесуваат со кремот.
4. Рацете се премачкуваат малку со путер, за масата да не се лепи на дланките и се обликуваат бомбици
5. Се оставаа половина час во фрижидер да добро да се оладат.
6. Се спрема галзура од стопената бела чоколада и зејтинот и се додаваат преостанатите 30 грама мелени кикирики.
7. Се мацкаат бомбиците една по една во глазурата и се оставаат на мрсна хартија за печење да се стврднат .
8. На здравје !!!