Пана кота (со готова смеса во прав)
Состојки
- 1 кесичка прашак за пана кота
- 250мл. млако млеко
- 250мл. слатка павлака
- 2-3 лажици слатко од јагоди
Подготовка
Оваа пана кота ми е прва направена со купечки прашак.
Кесичката со прашокот го биеме со млекото кратко со миксер на најмала брзина. Потоа на најголемата брзина биеме уште 1 минута и ја додаваме слатката павлака и биеме уште 4-5 минути.
Смесата што ќе ја добиете е малку течна, но нека не ве буни ќе се стврдне.
Преливот ставете го чаши во кој ќе ја послужите пана котата.
Оставете ја најдобро барем 2 часа во фрижидер и потоа ставете го преливот и послужете.