Видео рецепт: Двобоен ролат со обланди
Состојки
- За ФИЛОТ ќе ви треба:
- 350 мл. вода
- 250 гр. шеќер
- 250 гр. маргарин
- 400 гр. мелени бисквити
- 100 гр. мелени ореви
- 100 гр. суво грозје +50 мл. рум
- 100 гр. кокос
- За кафеавиот дел ќе ви треба:
- 100 гр. чоколадо за готвење
- 1 голема лажица какао
- Ќе ви треба и:
- 2 листа обланда
- чоколадо за готвење за декорација
Денес ќе готвиме заедно со Маргарита, готвач член на нашата веб-страница. Маргарита ќе подготви еден од нејзините најпопуларни рецепти, Двобоен ролат со обланди.
Двобоен ролат од обланди, полнет со бисквитен фил, збогатен со ореви, кокос и чоколадо. Идеален десерт кога чекате гости!
Подготовка
Чекор 1: Во длабокиот сад со рачки на оган ставете ги водата, шеќерот и маргаринот да зовријат.
Тргнете ги од оган и во нив додадете ги мелените бисквити, оревите, кокосот и сувото грозје кое претходно сте го потопиле во рум.
Смесата убаво промешајте ја додека да се соединат состојките.
Чекор 2: Поделете ја смесата на 2 дела. Во едниот дел ставете растопено чоколадо и какао.
Чекор 3: Обландите се ставаат на мокра крпа да омекнат.
Откако ќе омекнат обландите започнете со редење. Врз првата обланда ставете кафеав фил, па потоа врз неа ставете ја другата обланда, убаво притиснете и горе ставете го белиот фил.
Чекор 4: Свиткајте ги обландите како ролат. Добиениот ролат завиткајте го во пластична фолија и се ставете го во ладилник да се стегне. Треба да стои на рамна површина.
Чекор 5: Сервирајте парчиња од ролатот и попрскајте ги со растопено чоколадо.
СОВЕТ: Овој рецепт нема да ви одземе многу време за подготовка, а ќе имате декоративен и вкусен десерт на вашата трпеза!