Љубовна чоколадна торта со бадеми
Состојки
- За пандишпанот
- 12 белки од јајца
- 24 лажици шеќер
- 21 лажица мелени бадеми
- 1 пециво
- 3 лажици брашно
- Фил
- 800 мл млеко
- 10 лажици шеќер
- 12 жолчки од јајцата
- 8 лажици брашно
- 250 гр маргарин
- 150 гр шеќер во прав
- 100 гр сецкани бадеми
- 100 гр мелени бадеми
- 100 гр чоколада за готвење
- За украсување
- 2 шлаг крем од чоколада
- 200 мл млеко
- 1 паковка бисквити долгнавести
- 1 млечно чоколадо
Подготовка
Чоколадна торта,која полузамрзната има вкус на сладолед.
Една преубава торта, за еден преубав повод.
Тортата си ја посветив за мојата 13 годишнина во брак.
Еве ја прикаската за тортата
Ги делиме белките од жолчките за да започнеме да го подготвуваме пандишпанот.
Во белките додаваме шеќер и матиме пенесто.
Следно што додаваме се мелените бадеми, брашното и пецивото.
Го делиме пандишпанот на две еднакви делови и ги прелеваме во намастени тави. Печеме 20 мин на 200 степени.
Следна постапка е филот.
Во тенџере на оган го налеваме млекото.
Ставаме 500 мл и 10 лажици шеќер.
Жолчките кои ги одвоивме претходно се мешаат со 300 мл млеко и 8 лаж брашно. Смесата убаво се разматува и се додава во млекото кое е на оган.
Убаво се меша да се добие потребната густина на филот.
Се трга од оганот да излади
Маргаринот го матиме пенесто со шеќерот во прав. Го додаваме изладениот крем и матиме да се соедини. Го делиме кремот на два дела.
Во едниот ги додаваме сечканите бадеми, а во другиот мелените бадеми и едно растопено чоколадо.
Пандишпанот е изладен и чека за редење. Го земаме првото парче, го филуваме со белиот дел од кремот врз него го додаваме вториот пандишпан, па потоа го премачкуваме чоколадниот крем премачкуваме убаво секаде и по страните на тортата. Оставаме малку да стегне.
Додека ја оставивме тортата 10 мин да стегне кремот, ние ги матиме шлаг кремот по упатството на кесичката.
Премачкуваме низ целата површина на тората, а потоа од страните ја редиме со преполовени долгнавести бисквити.
Средишниот дел го полниме со рендана чоколада, а јас и додадов некое цветче.
Јас имав малку слатка павлака, па додадов прехрамбена црвена боја и направив венец на дното на чинијата да ги покријам празнините од бисквитот. Значи тоа и не е задолжително. Останатото оставам на вашата фантазија.
Има многу текст, но лесно се подготвува.
На здравје со убавата торта.