Видео рецепт: Домашно „KFC“ пилешко
Состојки
- За ТЕМПУРА ќе ви треба:
- 600 гр. брашно
- 260 гр. густин (нишесте)
- 2 јајца
- 2 пакетчиња прашок за печиво
- 800 мл. вода
- Ќе ви треба и:
- 250 гр. Корнфлекс
- 1,5 кг. пилешко месо
Рецептот за похованото пилешко што го освои светот сега е достапен и во вашите кујни. Фичо ќе ни покаже како да направиме Домашно „Кентаки“ пилешко!
Подготовка
Чекор 1: Во сад за матење ставете 600гр брашно, 260гр густин, 2 јајца, 2 пакетчиња прашак за пециво и 650мл вода. Смесата изматете ја со рака за да ги разбиете грутчињата од скроб што се формираат.
Потоа додадете 100мл масло за јадење. Постепено додавајте уште 150 мл вода.
Оваа смеса се нарекува Темпура.
Чекор 2: Гурмет пекачот од Делимано наполнете го со 2-3 литра масло за јадење и вклучете на, функција Flash Fry (пржење во масло).
Чекор 3: Земете 5 батачиња, 5 крилца и 5 пилешки стекови отворени на половинки.
Секое парче од мевцата мацнете го во темпурата, па извалкајте го во корнфлекс и директно ставете го во загреаниот зејтин да се испржи.
По потреба регулирајте ја температурата на Гурмет пекачот.
Чекор 4: Во меѓувреме земете 2 кесички сенф и една лажица мед, измешајте ги, додадете малку сол и една лажица вода. Промешајте да се соединат состојките и ќе добиете сос од сенф и мед кој одлично оди со „KFC“ мевцата.
СОВЕТ: Секогаш Темпурата мешајте ја со рака за можете да ја осетите густината. Идеалната густина на Темпура би била како смеса за Американски палачинки.