Испечати

Бајадера торта

Бајадера торта

Состојки

  • црно тесто
  • 120гр путер
  • 100гр црна чоколада
  • 50мл млеко
  • 130гр шеќер
  • 150гр суви смокви
  • 50гр сува гројзе
  • 350гр-400гр бисквити
  • светло тесто
  • 500мл млеко
  • 150гр шеќер
  • 2 пудинга од ванила
  • 100гр бела чоколада
  • 200гр кокос
  • за посипување
  • 50гр какао

Подготовка

Убавината во овој колач е едноставното и брзо подготвување но и убавиот вкус кој ги задоволува и оние најпробирливите.
Подготовка
На почеток ги мелеме бисквитите и сецкаме смоквите и сувото гројзе. На тивок огин путерот го ставаме во касерола и полека го растопуваме заедно со шеќерот, млекото и чоколадото.
Кога шеќерот е целосно растопен ги додаваме смоквите и сувото гројзе малку нека омекнат. Тргаме на страна да се излади смесата.
Откако малку ќе се подизлади ги додаваме бисквитите и замесуваме средно меко тесто кое го расплескуваме во калап за торта бр.24.

Почнуваме со подготовка на светлото тесто. Од млекото оделуваме мала количина во која ги ставаме двата пудинга промешуваме да се растопи пудингот. Останатото млеко го загреваме заедно со шеќерот и ја сипуваме предходната смеса да добиеме густ пудинг.
Трагаме на страна и ја додаваме белата чоколада заедно со кокосот.
Смесата ја сипуваме врз црното тесто. Тортата ја посипуваме со какао.
Добар апетит!!!