Тестенини со јајца и сос од печурки
Состојки
- 320гр. тестенини
- 170гр. исцедени маринирани печурки
- потреба магданос
- попотреба босилок
- на врв лажичка сушено нане
- потреба црн пипер
- 40мл. маслиново масло
- јајца по желба и потреба
Подготовка
Рецепти за тестенини со сурови јајца има многу, најразлични со секакви комбинацији.
Во некои рецепти сум сретнувала да се користат само жолчките, во некои само белките (ова верзија ви е подиетална), а во некои како мене со цели јајца.
Сум ги правела на најразлични начини, со топено сирење, со прошуто, со сланина и.т.н. Но сега ќе ви ја предложам мојата омилена комбинација.
1. Тестенините сварете ги во солена вода (лажица крупна сол и вода).
2. Во меѓувреме пригответе го сосот. Печурките исечкајте ги на мали парчиња и ставете ги во тава на оган со маслиновото масло да се попржат.
3. Магданосот и босилокот исечкајте ги и додадете ги во тавата. Додајте го и нането, зачинете по вкус со сол и црн пипер. Тавата тргнете ја од оган.
4. Сварените тестенини исцедете ги и додајте ги во тавата. Веднаш додека се многу топли додајте ги и јајцата и мешајте брзо да се размеша убаво.
Предлог
Може одозгора да си наросите и мелен пармазан, но мене некако не ми оди со него во комбинација со јајцата.
Добар апетит!