Ржани грицки со семки
Состојки
- Чаша од 200 мл за мерење
- 1,5 чаши ржано брашно
- 1, 5 чаши бело брашно
- 200 гр сусам
- 150 гр чистени семки од сончоглед
- 100 гр ленено семе
- 1 лажиче сол
- 1 чаша масло
- 1 чаша пиво
- 1 (10 гр) прашак за пециво
Подготовка
Во сад се ставаат сите состојки и се замесува изедначено тесто. Потоа на набрашнета површина се развлекува кора дебела околу 1 цм и со калапчиња или со мала чаша се вадат колачиња. А ако сакате може да си ги направите и во вид на соленки.
Се ставаат во плех обложен со хартија за печење и се печат во претходно загреана рерна на 190-200 степени околу 20 мин.
Се служат ладни со пиво.