Бисквити за нашите малку поинакви членови на семејството
Состојки
- 200-300 гр мелено или парче јунешко месо или риба-без коски
- 400-500 гр брашно
Подготовка
Бидејки нашето семејство се состои од 6 члена, а последните две места (не и најмалку сакани) ги држат нашите Фара (германски овчар) и Агата (кавалер кинг чарлс шпаниел) решив, доколку прифатите, да споделам еден интересен и здрав рецепт за нашите четириножни „дечиња“. Сигурна сум дека има и други такви семејства меѓу нас тука.
Размислувавме со постарото синче како да и го прославиме првиот роденден на Агата, па оваа идеа ми дојде напамет. Мора да излезе нешто. И да ви кажам...уффф...ги изедоа со таков апетит...Така не реагираат ни на купечките бисквитки што им ги даваме. Секако, како ветеринар внимавам што ги хранам и одбрав само две состојки кои дадоа одличен резултат.
Месото- мелено или цело парче сварете го во малку вода. Кај мене беше парче кое го изблендирав сосе водата во која се вареше. Нели, сакаме да биде што помирисно...хехехе...
Во сад додавајте брашно за да се направи тесто за да се формираат форми. Тестото е лепливо па намрсете ги рацете со масло за готвење и правете форми.
Коскичките се најсоодветни, нели?
Испечете на 120 степени додека да поруменат и се стврднат.
Потоа чувајте ги во хартиена кеса. Додека се печеа дечкиве се вртеа поради љубопитност ама кучулињава едвај ги дочекаа.