Посен ручек со соја и ориз
Состојки
- 5,6 парчиња соја шницли
- 300 гр ориз
- 1 морков
- 1 кромид
- Салата
- свежа зелка,младо кромитче,...
Подготовка
1. Се варат шницлите во солена вода 20 мин. Се цедат и се толчат. Се зачинуваат со сол, зачин, бибер, лен и сусам и се пржат во загреано масло од двете страни по 2мин.
2. Посебно се запржува ренданиот кромид и морковот. Се додава измиениот и исушен ориз и малку се пржи. Се додава зовриена вода околу 600мл и се покрива тенџерето да се вари. Се додаваат зачините. Се промешува и пак се затвара капакот и се остава да се вари. Се на се се вари 20мин и се остава во покриен сад да се впие целата течност.
3. Се сервира со зелка салата и багелс пециво. Пријатно!!!