Солени торти
Состојки
- Пандишпан за првата торта (за тортата од лево кон десно)
- 6 јајца
- 300гр. брашно
- 9 лажици масло
- 1 1/2 пециво
- 300мл. јогурт
- 150гр. обарен спанак
- 1 лажичка црвена пипер
- Фил за првата торта
- 300гр. павлака
- 3 јајца
- 5 корнишони
- 200гр. рендано сирење
- 200гр. сецкана шунка
- 2 лажици мајонез
- За втората торта
- 8 парчиња торта тост леб
- 350гр. павлака
- 150гр. мајонез
- 8 парчиња црвени пиперки
- 300гр. кругови сецкана шунка
- 200гр. рендан кашкавал
- 2 јајца
- 5 лажици лажици брашно
- 10 лажици масло
Подготовка
Овие солени торти ги имав спремено за именденот на син ми.
Започнувам со тортата со печењето.
Печеме три паниспањи и тоа по 2 јајца, 1/2 пециво,100гр.брашно, 3 лажици масло,100мл.јогурт.
За сите три паниспањи состојките се исти само што во едната го додаваме обарениот и исцеден спанаќ, во втората црвената пипер и третата останува бела.
Паниспањите ги печиме во ист четвртаст калап обложен со хартија.
За подготовка на филот најпрво ги вариме јајцата, ги сецкаме, ги додаваме корнишоните сечени на кругови, сецкана шунка, сирењето, павлаката и мајонезот.
Започнуваме со филовање и тоа, црвена паниспања, фил, бела паниспања, фил и на крај зелената паниспања и пак фил. Најдобро е тортата да ја оставите една ноќ во фрижидер и потоа да ја сечете на коцки.
За другата солена торта најпрво измешајте ги павлаката и мајонезот, ставете 4 парчиња од лебот во калап премачкајте ги и над нив ставете еден ред претходно печени, а потоа поховани црвени пиперки. Над пиперките пак премачкуваме со павлаката и мајонезот и редиме кругови шунка.
Потоа редиме уште 4 парчиња леб и ја повторуваме постапката. Рендаме кашкавал
и наредниот ден ја сечиме тортата.