Испечати

Млечни колачиња

Млечни колачиња

Состојки

  • 200гр. шеќер
  • 100мл. вода
  • 100гр. путер
  • 250гр. мелени ореви
  • 100гр. млеко во прав
  • 2-3 лажици бел крем
  • 200гр. бело чоколадо за готвење

Подготовка

Започнуваме најпрво со правење на шербетот.
Ги зовриваме шеќерот и водата и потоа го додаваме путерот. Кога ќе се стопи путерот тргаме од оган и постепено го додаваме млекото постојано биејки за да нема грутчиња.
Оставаме да се излади и ги додаваме мелените ореви и кремот.
Правиме бомбици ги оставаме да се стегнат најдобро преку ноќ, а следниот ден секоја бомбица ја закачуваме на чепкалка и кратко ја мацкаме во топено бело чоколадо.
На здравје!!!