Испечати

Комбинирано царско месо

Комбинирано царско месо

Состојки

  • 1 кг свинска кременадла
  • 400 гр пилешки стек
  • 300 гр свежи печурки шампињони
  • 3 ловорови листа
  • 5 лажици брашно
  • 2 лажици мелен црвен пипер
  • 1 средна главица лук
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажица буковец
  • свеж магдонос по желба
  • сол и бибер по вкус
  • 1 лажица мешан сув зачин(или по вкус)
  • масло по потреба (50-60 мл)
  • останато месо подготвено на скара
  • 3 пилешки пилешки карабатаци со батак
  • неколку домашни колбаси
  • 2-3 скараџиски колбаси
  • 10 ќебапи
  • 2 плескавици
  • 2 свински шницли

Подготовка

Ако ви остане месо подготвено на скара, може да го искористите на овој начин, односно да подготвите „царска тава“ во рерна. Мирисот на скара впиен во месото, му дава посебен шмек на ова јадење.

Свежото месо, свинското и пилешкото, секое посебно, исечкано на мали парчиња, го динстаме убаво да се свари, па го пропржуваме во малку масло. Го ставаме во тавата во која ќе се пече.
Останатото месо подготвено на скара исто така го сечкаме и го ставаме во тавата.
Лукот ситно го сечкаме и него го ставаме заедно со месото. На оган во голема и висока тава го пропржуваме брашното, колку да пушти мирис, па додаваме масло и црвен пипер. Налеваме топла вода (околу 1,5 л, да го покрие месото во тава), бидејќи правиме нешто налик на бешамел. Го додаваме сечканиот магдонос и останатите зачини. Мешаме додека да згусне и го залеваме месото со оваа смеса.
Печеме во рерна околу 1 час на 240 степени.

Многу состојки, ама брзо спремен ручек!