Испечати

Пекиншка крем салата или намаз

Пекиншка крем салата или намаз

Состојки

  • 600 гр. пилшеко бело месо - стек
  • 150 гр. солени печени кикирики
  • 100 гр. печен сусам
  • 350-400 гр. мајонез
  • 350 гр. кисела павлака
  • на вкус сол

Подготовка

Го носи името Пекиншка салата, но мене ми е повеќе како намаз. Како и да е, освежително, вкусно.
- Сварете го белото месо, сусамот на 2 лажици зејтин пропржете го или едноставно испечете го.
- Свареното месо нека олади, па со рацете помегу дланките изронете го или пак за кратко изблендирајте. Ставете во блендерот и кикириките со сусамот, исто така грубо изблендирајте ги.
- Сето ова измешајте со павлаката и мајонезот, осолете.
Послужете со крекери или како мене мачкајте на лепче, а одличен намаз и за тортиљите.

Забелешка
Ова погоре напишаното е во оригинал рецепт, но јас по желба на семејството додавам и црвено кромитче и заедно блендирам, но предходно за мене издвојам бидејки повеќе ми се допага по оригиналот.
Сусамот го потпечуван на сува Делимано тава.
Оваа салата изгледа течна, но ако отстои во фрижидерот таа ќе се стегне.