Испечати

Полжавчиња со намаз од маслинки

Полжавчиња со намаз од маслинки

Состојки

  • Тесто
  • 500 мл млеко
  • 1 квасец
  • 5 кафени лажички шеќер
  • 2 кафени лажички сол
  • 13 супени лажици зејтин
  • 1 супена лажица алкохолен оцет
  • 1 кг брашно
  • 3 јајца
  • 1 маргарин
  • Намаз од маслинки
  • 250 гр црни маслинки

Подготовка

1. Во сад се става најпрво квасецот, па млакото млеко, шеќерот, солта, зејтинот, оцетот, 2 цели јајца и 1 белка (жолчката се трга настрана за мачкање).
2. Се меша добро, па постепено се додава брашното. Зависи од брашното дали ќе е точно еден килограм или повеќе ... е тоа е работа на осет, да не биде ни меко, ни тврдо.
3. Се замесува убаво, и се остава во сад, покриено се ќесе и крпа да стаса отприлика околу половина час до 40 минути, и тоа зависи температурата.
4. Откако ќе втаса, се дели на 4 еднакви делови, се замесуваат во форма на топчиња.
5. Се зема едно топче, се расукува во правоаголник и се премачкува со претходно подготвениот намаз од маслинки (може со што сакате, по сопствен избор, јас обожавам маслинки, па ја избрав оваа варијанта).
6. Се витка во ролат и се сечат на парчиња со отприлика дебелина од 3-4 сантиметри. Се редат во претходно подмачкан плех со зејтин и се оставаат да стасаат уште околу 20 минути.
7. Потоа се премачкуваат со жолчка и се напрскуваат со сусам. Се распоредува маргаринот по малку насекаде меѓу кифлите (како на сликата подолу) и се ставаат да се печат.
8. Се печат на темепратура од 220-250 степени (зависно од рерната колку ви е јака) околу 15-20 минути, дури да се вцрвенат малку.
9. Наздравје !!!

Намаз од маслинки - ги извадив семите на 250 грама маслинки, ги ставив во блендер, ставив малку оригано, малку лук во прав и малку маслинов зејтин (ако немате може и обичен). Сето тоа убаво измелено во блендерот.

НАПОМЕНА - За целата доза кифли потребен е еден маргарин, кај мене цела доза ги збира во 2 плехчиња и го делам на пола во едното и пола во другото. Ако ви е помала рерната, и треба да ги делите на повеќе плехчиња, така ќе си го распоредите и маргаринот.

Ова тесто е супер вкусно и за најобични кифли (како на сликата подоле), и многу се вкусни и меки.
Многу се погодни и за чување во замрзнувач. Откако ќе се испечат и добро се изладат, да се замрзнат во кеси или пластични кутии, ко ќе  се извадат се уште поубај.

При експериментов, едното од четирите топчиња го намачкав со кечап, малку намаз од маслинки, ситно сецкани коцки од чајна и малку копар. И тие испаднаа превкусни. Значи шо ви е убо, то да си клајте.

Поздрав и наздравје !