Лиснати погачици
Состојки
- 500-600гр брашно
- 1 лајче сол
- 2 лажици масло
- 200 мл вода
- 200 гр маргарин
Подготовка
Се замесува тесто со брашното, солта, маслото и водата.
Убаво се меси и се остава да стои во проѕирна фолија 10 мин. Се размесува тестото и се расукува кора од 1см. Се премачкува кората со 1/3 од маргаринот и се дипли одлево, оддесно нагоре и се преклопува до квадрат.
Се остава во фрижидер 20мин.
Потоа постапката пак се повторува така уште 2 пати. Значи се на се се сука 3 пати и се одмора тестото по 20мин. На крајот се сука кора и се сечат разни фигури.
Се печат во загреана рерна на 220С 25мин. Излегува само 1 плех. Пријатно!!!
П.С.
Овде не се става квасец.