Неварени макарони печени во сос
Состојки
- ЗА СОСОТ
- 1 пакетче сос (прашок) за макарони
- 600 мл вода
- 100 гр урда
- 200 мл кисела павлака со 20% масленост
- ОСТАНАТИ СОСТОЈКИ
- 400 гр макарони
- 300 гр шунка
- 150 мл млеко
- 100 гр кашкавал
- 30 гр пармезан
Подготовка
Подготовка на сосот
1. Во водата се раствара пакетчето прашак сос за тестенини
2. Во оваа смеса се додава урдата и павлаката
3. Смесата се загрева до степен на вриење
4. Макароните не варени се истураат во тавче за печење
5. Врз макароните се става исечканата шунка
6. Се полеваат макароните со зовриената смеса (сос) и млекото се истура врз нив заедно со сосот
7. Од гора се става кашкавалот исечкан на лентички
8. Се посипува со пармезан
9. Се пече околу 40 мин на 200 С
10. Се служи со јогурт и сирење, а може да се посипе со пармезан