Испечати

Паста со крем сос од аспарагус и топено сорење

Паста со крем сос од аспарагус и топено сорење

Состојки

  • 250гр. шпагети
  • 300гр. аспарагус
  • 3 парчиња топено сирење
  • 2 лажички пармезан
  • 1 лажица путер
  • по потреба сол, црн бибер

Подготовка

Во поголема количина солена зовриена вода ставете ги шпагетите да се варат.

Аспагарусот излупете го и ставете да се обари(околу 7 минути).
Обарениот аспарагус префрлете го во блендер и изблендирајте.
Додајте го топеното сирење, пармезанот, путерот, малку црн бибер, прстофат сол и од водата во која се вареле шпагетите и изблендирајте уште еднаш.

Сварените шпагети измешајте ги со сосот и послужете.