Испечати

Егзотик торта

Егзотик торта

Состојки

  • За пандишпанот (три пандишпани)
  • 3 х 8 белки
  • 3 х 240 гр шеќер
  • 3 х 200 гр сечкани ореви
  • 3 х 100 гр сечкани суви смокви (отстојани малку во топла вода)
  • 3 х 4 лажици брашно
  • 3 х 1/2 пакетче прашок за печиво
  • За жолт фил
  • 1500 мл млеко
  • 300 гр шеќер
  • 9 жолчки
  • 18 лажици нишесте
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 300 гр маргарин
  • 300 гр прав шеќер
  • За кафен фил
  • 15 жолчки
  • 450 гр прав шеќер
  • 300 гр чоколадо
  • 300 гр маргарин
  • 300 гр прав шеќер
  • 150 гр мелени печени кикиритки
  • За декорација
  • 500 гр слатка павлака
  • малку розова прехрамбена боја
  • 200 гр чоколадо ( за цртање врз слатката павлака)
  • 1 лажица масло за јадење

Подготовка

Подготовка на пандишпанот
1. Белките од јајцата со шеќерот се матат пенасто
2. Се исклучува миксерот и во нив се додаваат оревите, смоквите, брашното и печивото
3. Се пече тестото во плехче од рерната обложено со хартија за печење на 180 С
4. Се печат 3 вакви теста (јас во едното тесто наместо суви смокви ставив половина тегла џем од смокви бидејќи сакав тестата да се разликуваат малку)

Подготовка на жолтиот фил
1. Млекото и шеќерот зовриваат и во нив се додава претходно изматените жолчки со нишестето со малку млеко
2. Се вари како пудинг и се остава да се излади, а потоа во него се додава претходно изматениот маргарин со прав шеќерот

Подготовка на кафениот фил
1. Жолчките се матат со шеќерот и се варат на пареа
2. Во нив на крајот се додава чоколадото да се растопи и се остава да се излади
3. Матениот маргарин со прав шеќерот се додаваат во изладениот кафен фил и се изедначува смесата
4. На крај се додаваат мелените кикиритки

Филување
1. Корите се редат една по една, а врз првата и третата кора се става жолт фил, а врз втората кора се премачкува кафен фил. Најозгора се покрива тортата по желба, а јас ја покрив со матена слатка павлака со розова прехрамбена боја и нацртав едно маче од детските цртани серии.