Испечати

Салата со грилувано пилешко

Салата со грилувано пилешко

Состојки

  • За салатата
  • 1 парче пилешки гради
  • 1/2 марула
  • 2 домати
  • 1 мала главица црвен кромид
  • 1 шољичка замрзната пченка
  • сол и бибер за зачинување на месото
  • За дресинг
  • 2 лажици кајмак
  • 2 лажици неутрална млечна павлака
  • 1/2 лажица мајонез
  • 1 лажичка соја сос
  • 1 лажичка јаболков оцет
  • 1/2 лажичка мелен црвен пипер
  • 1/2 лажичка бибер
  • 1/4 лажичка сол

Подготовка

Пилешките гради зачинете ги со сол и бибер, засечете ги подлабоко на неколку места ако е подебело парчето и испржете ги на грил тава на малку масло (или најдобро на вистинска скара). Кога ќе биде готово завиткајте го во фолија и оставете го да се одмори околу 10 минути.
Марулата исечете ја на долги ленти, доматите на коцкички, кромидот на полумесечинки. Пченката ставете ја да се обари во врела вода околу 5 минути и процедете ја, а месото исечкајте го на тенки парчиња.

За дресингот измешајте ги сите состојки.

Во поголема чинија ставете ја прво марулата, потоа доматите, кромидот, пченката и на крај пилешкото месо. Прелијте со дресингот и уживајте.

Пријатен апетит!

Кајмакот може да го замените со кисела павлака за полесна верзија.