Пијани копани со компир во фолија
Состојки
- За копаните
- 1 кг копаните
- 100 мл бело вино
- 50 мл вода
- 1-2 лажици мешан зачин
- 1 лажичка јадра сол
- малку мелен црн бибер
- малку масло за јадење
- 4-5 моркова исечкани на подебели кругчиња
- За компирите
- 1 кг компири млади
- 2-3 лажици мешан зачин
- 1 лажиче јадра сол
- неколку зрна бибер
- 1-2 листа ловорови листови
- 30-40 гр путер
- малку масло за јадење
- 2-3 млади кромидчиња
- 1/2 китка магдонос
Подготовка
Подготовка на копаните
1. Во тавче за печење се редат копаните и исечканите моркови
2. Се посипуваат со јадрата сол, мешаниот зачин и биберот
3. Се полеваат со виното, водата и
маслото за јадење
4. Се печат во загреана рерна околу 1 час на температура од 200-250 С
Подготовка на компирите
1. Во тавче за печење се става две поголеми парчиња фолија за печење, доволно долги за да можат компирите да се затворат целосно
2. Се ставаат во фолијата исечканите компири. Јас овој пат прво ги сварив, па ги потпеков, но поубави се кога се печат живи компирите, иако процесот е малку подолг
3. Врз компирите се става ситно сечканото младо кромидче заедно со зелените перца, магдоносот- јас овој пат ставив сушен магдонос бидејќи немав при рака свеж, зачините, биберот во зрна, ловорот, путерот и маслото за јадење
4. Се затвара фолијата од сите страни и се става во рерна да се пече ( ако е варен компирот-печењето е доволно околу половина час, а ако компирите се живи, тогаш околу 1 час
5. Пред да го печам компирот во фолија, јас овојпат ставив врз него дел од течноста од вино во која се испекоа копаните за поубав вкус
Декорација
Во чинијата ставам неколку копани и малку од печените моркови, како и дел од компирите во фолија