Јустина торта
Состојки
- 1 и 3 кора
- 5 белки +2жолчки
- 10 лажици шеќер
- 100гр мелени лешници
- 3 лажици брашно
- 1 пециво
- 2 кора
- 5 белки +2жолчки
- 10 лажици шеќер
- 100гр мелени бадеми
- 3 лажици брашно
- 3 лажици рендана чоколада
- 1 пециво
- фил 1
- 1л млеко
- 4 кесички пудинг од ванила
- 200гр шеќер
- 200гр бела чоколада
- Фил 2
- 500гр млеко
- 100гр какао
- 1 кесичка пудинг од чоколада
- 150гр чоколада за готвење
- 200гр шеќер
- 400гр маргарин
- 400гр шеќер во прав
- 700мл слатка павлака
Подготовка
1 и 3 кора
Се мати цврст снег од белките. Се додава постепено шеќерот додека се добие цврста густа маса. Кон изматените белки се додаваат жолчките и се мати со најмала брзина на миксерот додека се спои смесата. Се исклучува миксерот и се додаваат лешниците, брашното, пецивото и со лажица се меша. Смесата се сипе на хартија во плех бр 40 и се пече 15 минути на 180 степени.
2 кора
Постапката е иста само место лешници се додаваат бадеми и ренданата чоколада.
фил 1
Млекото се става да зоврие со шеќерот и се вари густ крем од пудинзите (разматени во малку ладно млеко) Кон врелиот пудинг се додава и ренданата бела чоколада и се меша со лажица додека се растопи и спои со филот.
фил 2
Млекото се става да врие со шеќерот и какаото. Одкако ќе зоврие се додава пудингот и чоколадата. Се меша убаво и се остава да се олади.
Маргаринот се мати со шеќерот во прав додека не стане кремаст и се дели на 2 дела. Едниот дел се додава во 1 фил, а вториот во 2 фил.
Тортата се реди на чинија
Прво се става кора од лешници па 2/3 од првиот фил
2 кора од бадеми па 2 фил-цел
3 кора од лешници и 1/3 од 1 фил, а најгоре се става декорација по вкус. Кај мене тука стои околу 700мл слатка павлака.
Тортата е доста голема и погодна за родендени. Во оваа прилика таа беше наменета за една кукличка по име Јустина и така и тортава го доби нејзиното име.