Испечати

Југо колач

Југо колач

Состојки

  • тесто
  • 3 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажиче какао
  • 4 лажици мелен лешник
  • 1 лажица брашно
  • 1/2 лажиче пециво
  • 50 мл шербет од слатко од зелени смокви
  • фил
  • 1 пудинг со вкус на чоколадо
  • 300 мл млеко
  • 3 лажици шеќер
  • 125 гр путер
  • 100 гр црно чоколадо
  • 10-15 сецкани смокви од слатко
  • за декорација
  • 1 бел изматен шлаг

Подготовка

Прво се матат јајцата со шеќерот, па се додаваат лешниците, брашното, какаото, пецивото.
Се истура смесата во правоаголен плех и се печи.
Испеченото тесто се прска со шербетот.
За филот се вари пудингот со млекото и шеќерот до згуснување.
Додека е топло се додава чоколадото, изматениот путер.
На крај се додаваат исецканите смокви. Убаво се промешува.
Кората се филува со спремениот фил и се декорира колачот со изматениот шлаг.

Многу вкусен и брз десерт.