Испечати

Печен крап со бело вино

Печен крап со бело вино

Состојки

  • 2 крапчиња од по 1,5 кгр
  • 1 главица лук
  • 1 лимон
  • 50 мл масло
  • 50 мл бело вино
  • 1-2 моркови
  • сол, зачин, магдонос, малку бибер

Подготовка

Се земаат 2 поголеми крапа се чистат, се засекуваат на неколку места и во нив се става по едно чешне лук, по еден круг морков.
Се зачинуваат со зачин.
Црн бибер, врз нив се налева сок од еден лимон, маслиново масло, бело вино, магдонос и се печат во рерна на 180 степени околу еден час.
Едноставен, но вкусен ручек.