Испечати

Домашни слатки кроасани

Домашни слатки кроасани

Состојки

  • тесто
  • 1-1200гр брашно
  • 1 свеж квасец
  • 2 лажици шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 125мл зејтин
  • 2 јајца
  • 200мл јогурт
  • 200мл млеко
  • 1 лимон
  • 1/2лажичка цимет(по желба)
  • за премачкување
  • 150гр путер
  • 1 јајце
  • 2 лажици зејтин
  • за полнење
  • 150гр крем
  • 150гр мармалад( по ваша желба )

Подготовка

Овој рецепт за кроасани го имам веќе неколку години и често го подготвувам. Го сакам мирисот кој се чувствува по нивното печење и лиснатите кори кои се оделуваат секоја посебно. Можат да заменат некоја ужинка за дечињата кои одат на училиште.

Подготовка
Во длабок сад го ставаме брашното на краевите ја сипуваме солта на средината го ставаме квасецот, шеќерот и активираме со еден филџан млако млеко. Одкако ќе забележите дека квасецот дупло го зголемил својот волумен додаваме зејтин, двете јајца, рендан лимон и неговиот сок, цимет и со преостанатото млеко и јогурт замесуваме средно меко тесто кое со месење ќе ни се одлепи од пластичниот сад.
Од тестото формираме четири идентични топки кои ги оставаме петнаесет минути да стасаат. Со оклагија развлекуваме кора која ја премачкуваме со путер кој предходно сме го извадиле на собна температура. Кората на краевите ја засекуваме, преклопуваме и тргаме на страна вака ги подготвуваме преостанатите три кори.
Почнуваме со формирање на кроасаните повторно разлекуваме кора ја сечеме на осум идентични кифли на краевите ставаме фил и мотаме, тоа го повторуваме со сите теста.
Кифлите ги редиме во плех со хартија ги премачкуваме со јајце и зејтин и ги оставаме да стасаат 45 до 1час.
Рерната ја загреваме на 220степени откако ќе ги ставиме намалуваме и печеме на 200степени петнаесетина минути или додека не добиат убава златна боја. Се потрудив целата постапка да ви ја фотографирам доколку има некои прашања слободно прашајте ме и се извинувам доколку има некоја грешка во пишувањето сите ние овде се трудиме колку можеме по сликовито и во најситни детали да ви ја објасниме целата постапка.Добар апетит!!
Забелешка
Од ова тесто излегуваат точно 32 кроасана филот може да биде по ваша желба.