Испечати

Полнета погача

Полнета погача

Состојки

  • 500гр брашно
  • 1 коцка свеж квасец
  • 250мл млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 2 јајца
  • фил
  • 250гр сирење или урда
  • 3 зденки
  • 4 лажици ленено семе
  • 3-4 лажици кисело млеко или павлака
  • За премачкување 1 јајце и 2 лажици семиња(ленено семе и сончоглед)

Подготовка

Квасецот се става во млакото млеко да стаса. Одкако ќе стаса се замесува тесто со брашното, јајцата сол и шеќер. Се обликува мазно тесто и се остава околу 40 минути да стаса.
На набрашнета маса се сука правоаголна кора и се мачка со фил.
За филот ако имате урда тогаш се посолува малку и се додаваат зденките и павлаката. Убаво се соединува. Ако користите сирење тогаш без сол и поубаво е да се додаде млеко за да се одземе од соленоста.
Кората се витка во ролат и се сече на два дела-едниот подолг за околу, а другиот помал за внатрешниот дел-за средината. Се става прво помалиот дел завиткан во круг. Околу него се става поголемиот дел и со ножици се засекува, ама не до крај.
Стасаната погача се премачкува со јајце, се поросува со сончоглед и лен и се става на печење.
Се пече додека зацрвени, а потоа се покрива со фолија и се тишти на пониска температура.