Испечати

Пита од бајат леб

Пита од бајат леб

Состојки

  • 1 бајат леб
  • 100гр. сецкана салама
  • 100гр. сецкана чајна
  • 100гр. пилешко филе
  • 3 јајца
  • 100мл. млеко
  • 150гр. дробено сирење
  • 5-6 корнишони
  • 200гр. рендан кашкавал
  • 5 лажици кечап
  • 3 лажици масло
  • 1 лажичка оригано

Подготовка

Кога имате бајат леб, а никој неки да го јади еве една идеја како да ги намамите да се изеди.

Лебот сечете го на средно големи парчиња и натопете ги со млекото. Оставете го така 10-15 мин.
Потоа исцедете го наредете го во калапот во кој ќе се печи (намрсен) и над лебот ставете ги саламата, чајната, пилешкото филе, корнишоните, сирењето измешани со маслото, кечапот и ориганото. Печете на 180 степени околу 20 мин.извадете од рерна и турете ги јајцата измешани со кашкавалот и печете уште 10 мин.На здравје.