Испечати

Пилешка бајадера

Пилешка бајадера

Состојки

  • 1кг. пилешко бело месо-стек
  • 400гр. на ленти чадена свинска сланина
  • 400гр. на ленти чаден свински врат
  • 400гр. на ленти кашкавал
  • 1 кисела павлака
  • *По ваша желба можи да додадете и печурки
  • по потреба сенф
  • по потреба зачини

Подготовка

Ќе кажам само пробајте, многу е вкусно. Можи да го подготвите за ручек или пак за некоја свечена пригода. Многу убаво изгледаат сервирани со останати деликатеси.

Исчуканиот пилешки стек се мачка со сенф, се посолува со сол, мешан сув зеленчук, црна пипер, но се внимава на посолувањето, да не е многу, бидејки се друго што додаваме е солено. Оставете го нека отстои најмалку 2 часа.

Во огноотпорен сад се става малку масло (се премачкува), па се реди од сланината, така што малку ќе се преклопуваат лентите. Откако ќе се покрие дното со сланина се става стекот, па врз него печурките, па кашкавалот и вратот.

Се повторува постапката три пати.
Се завршува со павлака и 2-3 лажици вода.

Се печи 50-60 мин. на 200 степени и 50-60 мин. на 150 степени.
Садот да биде покриен со фолија. При крајот се трга фолијата, за да порумени.
Се остава убаво да излади, најмалку 2 часа (колку повеќе, толку подобро) и потоа се сече.

Од дополнителната фотографија, можи да видите како изгледаат кога се сервираат овие коцки за свечени пригоди.

* И еден совет.
Од течноста што ќе се пушти во печењето можи да си направите вкусен сос. Да се префрли течноста во сад, да се додади малку брашенце ( во зависност од количината на течност) разматено со вода и на кратко да проврие.