Испечати

Брза пролетна пита

Брза пролетна пита

Состојки

  • 2 јајца
  • 200мл. јогурт
  • 125мл. зејтин
  • 2 чаши брашно (од 250мл.)
  • 1 пециво
  • 100гр. сирење
  • 100гр. зелени маслинки
  • 3 парчиња млад кромид
  • 1 голем домат

Подготовка

Брз рецепт, кога немате многу време, а сакате убав појадок. Сосотојките може да си ги смените, во зависнот што во моментот имате на располагање.

1. Доматот, маслинките и кромидот ситно исецкајте ги и ставете во подлабок сад. Користев зелени маслинки со пиперче за да биде пошарено. Додадете го брашното и со лажица убаво промешајте за да се набрашнат состојките. Додадете го и пецивото. Потоа една по една додавајте ги водените состојки, јогуртот, зејтинот и јајцата и убаво промешајте да добиете густа (слична на проја) смеса. На крај додадете го и дробеното сирење и уште еднаш промешајте.
2. Плех со бр. 32 намрсете го, претурете ја смесата,израмнете и наросете сусам, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220С. Се пече 25-30 мин, односно додека не добие убава боја и чепкалката не излезе сува.
Малку нека се излади па послужете со чаша јогурт.

Добар апетит =)