Испечати

Пилешки Увијачи

Пилешки Увијачи

Состојки

  • 4 парчиња пилешки гради
  • 200гр кашкавал
  • 50гр мајонез
  • 1 јајце
  • по потреба лебни трошки
  • по потреба брашно
  • по потреба сол
  • по потреба мешан зачин
  • по потреба магдонос

Подготовка

1. Пилешките гради засечете ги на половина така што од едно парче да добите две.
2. Истолчете ги со чук сите 8 парчиња до најтенка поворшина.
3. На даска ставете најлонска хартија и ставете едно истолчено парче.
4. Посолете по вкус со сол и мешан зачин и посипеете со малку магдонос.
5. На еден од крајот ставете малку од претходно изренданиот кашкавал и малку мајонез.
6. Свиткајте ги по малку краевите на месото кон внатрешноста.
7. Филуваното пилешко свиткајте го во ролат со помош на најлонската фолија
8. Постапката повторете ја со сите парчиња преостанити пилешки гради.
9. Ставте ги во замрзнувач да отстојат 1 час.
10. На секој еден увиач отстранете му ја најлонската хартија и поховајте го во брашно-јајце-лебни трошки постапката повторете ја со сите увачи.
11. Во тенџере на оган ставте поголемо количество на масло да се загрее
12. Ставете ги увиачите да се печат во загреаното масло така што увијачите треба да се потонати во маслото за да испечат подеднакво од двете страни
13. Печете додека да добите златно кафеава боја.
Добар апетит.