Долги кифли со маст
Состојки
- 1 кг брашно
- 500 мл млеко
- 2 лажички сол
- 3 големи, полни, лажици свинска маст
- За стасување на квасецот
- 1/2 шоља млеко
- 1 лажица шеќер
- 1 лажичка брашно
- 1 тазе квасец
- За премачкување
- 2 жолчки
- сусам, буковец, афион, оригано...
Подготовка
Овие вкусни, па и декоративни кифлички ми се по рецептот на мојата пријателка Еми, чија тетратка за готвење изобилува со рецепти, за разни видови погачици и кифлички.
1. Квасецот, млекото, шеќерот и брашното ги промешуваме и ги оставаме да се подигне, да потстаса смесата.
2. Маста ја растопуваме во млакото млеко.
3. Се замесува средно меко тесто со сите состојки и се дели на 6 дела. Топките тесто се оставаат 20 минути да стасаат. Потоа секоја топка се расукува во круг, на тенко и од неа се сечат 8 триаголници. Се виткаат во кифли.
Ако сакате можете и да ги полните, јас моите ги сакав празни.
4. Ги мачкаме кифлите со жолчка и ги посипуваме со зачини. Ги оставаме во тавче да стасаат некои 15 минути и ги печеме во загреана рерна на 200 степени, додека да поцрвенат. Кога ќе бидат готови ги покриваме со крпа.
Забелешка
Маста убаво премијте ја низ две-три води.
Шољата е од 150 мл.
Кога ќе ја сукате кората навистина тенко треба да се исука. Ако тоа не го правите кога е голема, тогаш секое триаголниче посебно исукајте го тенко. Можете да ги оставите и повеќе од 15 минути да стасаат.