Испечати

Пилешки резанци од рерна

Пилешки резанци од рерна

Состојки

  • 600гр. пилешко бело месо
  • 1 лажица сенф
  • 2 лажици мајонез
  • 3 лажици кисела павлака
  • 3 лажици ситно рендан кашкавал
  • 1/2 лажиче црвена пипер за манџа
  • по потреба зачини-сол, мешан сув зеленчук,црна пипер, кари
  • по потреба лебни трошки
  • по потреба сусам
  • малку масло

Подготовка

Подготвени во рерна, на доста лесен начин и со употреба на минимално количество масло. Топло ви ги препорачувам.

Пилешкото го сечиме на ленти.
Посебно во еден подлабок сад ги соединуваме сенфот, мајонезот, павлаката, кашкавалот, пиперта, зачините. Убаво промешуваме за смесата да се изедначи.
Ги додаваме лентите од пилешко во маринадата, лесно промешуваме и оставаме најмалку 2 часа да отстои во фрижидер, за убаво да си прими пилешкото од маринадата.

После 2 часа вадиме со вилушка парче по парче од пилешкото од маринадата и го ставаме во сад каде имаме промешано презла и сусам, го свалуваме во нив и го редиме на плех, кој е обложен со хартија за печење, која малку е намрсена. На крајот одозгора ги попрскуваме резанците со масло.

Ги ставаме во загреана рерна на 200 степени да се печат, додека добијат златно-жолта боја околу 50-60 мин., или во зависност од вашата рерната и помалку, при што на половина печење ги вртиме резанците за да бидат исти и од долната страна кога ке ги извадиме...

Пријатен апетит!!!