Испечати

Шарен ручек (декорација)

Шарен ручек (декорација)

Состојки

  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 чаша ориз ( 200 мл)
  • 3 чаши топла вода
  • 1-2 моркови
  • 1 цветче смрзната брокула
  • 1 рака смрзнат грашок
  • 1 помал домат
  • 1 парче пилешки стек (100-200 грама)
  • сенф и зачини (за премачкување на стекот)

Подготовка

Ова е најобичен рецепт за ориз, меѓутоа како го декорирав многу ме бендиса и решив да го споделам со вас. Се надевам и вас ќе ви се допадне.

1. Стекот го премачкуваме со сенфот и нанесуваме зачни по желба (сол,бибер...).
2. Кромидот и лукот ситно ги сечкаме и ги ставаме во тавче (кое има соодветен капак) на тивок оган и ги пропржуваме. Потоа го додаваме и оризот и тој да се пропржи, ги додаваме зачините и ја налеваме водата.
3. Морковите претходно излупени, ги сецкаме на кргови околу 5 мм дебелина и ги ставаме на крајот од тавчето заедно да крчкаат со оризот за да омекнат со затворен капак. (слика)
4. Во меѓувреме стекот го пропржуваме во тавче на масло (ако имате може и на грил тава ) да порумени (ако се испржи цел не е проблем - јас не го пржев до крај бидејќи после со оризот заедно ќе се направат) . (слика) и го сецкаме на коцки.
5. После 20тина минути во оризот го ставаме стекот, па грашокот, доматот исчен на парчиња и на средина цветот брокула. Го затвараме капакот и оставаме да се крчка околу 5 минути па го исклучуваме шпоретот и го оставаме да отстои оризот со затворен капак.
Ручекот е готов!

НАПОМЕНА
Можно е да му треба повеќе време на оризот проверете да се свари убаво. Доколку сакате може да користите и друг вид зеленчук. Како што можете да видите јас користам замрзнат грашок и брокула, а ако сакате да користите свеж тогаш ставете ги на почетокот заедно со морковите за да имаат време и тие да се направат.
Како што можете да видите има малку стек во оризот а за да се најадат 3-4 луѓе потребно е повеќе, па за да ви стигне ручекот испржете повеќе парчиња стек настрана.
На здравје !