Видео рецепт: Карпести компири со презла
Состојки
- За КОМПИРИТЕ ќе ви треба:
- 1,5 кг. компири
- 200 гр. презла
- малку кари
- сол и бибер
- сушен кромид
- малку копар
- 4 чешниња лук
- 2 краставици
- маслиново масло и балсамико оцет
Фичо вели дека ова е совршен начин на подготовка на компири – ако сакате крцкава надворешност, а меки компири во внатрешноста. Погледнете го Видео рецептот!
Подготовка
Чекор 1: Излупете 1,5кг компири.
Ги сечкате компирите на четвртини. Потоа во тенџерето додавате сол, кари и црн бибер и тајната состојка на овој рецепт сушен и мелен кромид. Залевате со малку маслиново масло и промешувате.
Чекор 2: Потоа секоја четвртина ја валкате во презла и ја редите во тавче за печење како што тоа го прави Фичо во видеото.
Додавате 4 чешниња лук, само згмечени. Ги додавате колку за арома во тавата.
Чекор 3: Ја загревате рерната на 200 степени ги редите компирите во тавчето за печење и ги ставате да се печат околу 40мин.
Чекор 4: Во меѓувреме земете 2 краставици, добро измијте ги и исечете ги по должина, со лажичка извадете го семето од краставицата и исечете ја на полумесечинки. Ставете ја во сад за салата и зачинете ја со малку копар, сол и бибер. Додадете и малку маслиново масло и балсамико оцет.
Бон апетит!
СОВЕТ: И овој рецепт дава основа за експериментирање со зачини, па така може компирите да ги зачините по свој вкус!