Испечати

Растурена сарма

Растурена сарма

Состојки

  • 500гр мелено месо
  • 1300 гр зелка
  • 2-3 моркови
  • 200 мл доматен сос
  • 600 гр вода
  • зетин , зачини

Подготовка

Најпрво морковот го сецкаме и го пропржуваме на зејтин, ја додаваме дробената зелка (појадро отколку за салата )оставаме да се пржи додека омекне.
Потоа го додаваме меленото месо и повторно пржиме 10 ина минути. На крај додаваме доматниот сос ( а може и црвен пипер ) промешуваме, зачинуваме налеваме вода и оставаме да се вари 1 час. (доколку сакате повеќе течност да има додаавате повеќе вода )