Чоколадиран ружа локум
Состојки
- 150 гр пресен локум со вкус на ружа
- 1 лажица ружина вода
- 1 грст толчени ореви
- најмалку 200 гр чоколадо + 6 лажици масло
Подготовка
Додадете ја ружината вода во локумот и со вилушка убаво измешајте до компактна смеса. Потоа вмешајте ги и толчените ореви.
Чоколадото со маслото растопете го и со него премачкајте ги калапчињата за пралини 2-3 пати. Пополнете ги со смесата и повторно затворете ги со стопеното чоколадо.
Можи и да не ставате ореви, се е по желба... Кога ги додадов, убавата розева боја го намали интензитетот, но затоа пак барем вкусот стана побогат.
Доколку немате време или калапи, тогаш во истата смеса додадете кокос за да стани поцврста. Смесата ставете ја во намастено или обложено тавче со целофан и оставете ја да се здрви. Потоа сечете коцки и чоколадирајте ги.
Исто така, доколку не можите да ги најдите потребните состојки со вкус на ружа или пак сакате повеќе вкусови кога правите, ружината вода заменете ја со арома, на пример на портокал, лимон , малина, јагода... (можи да користите на пример екстракти), а локумот заменете го со бел.